Сменет директорот на Македонски железници: Дали новите кадри ќе овозможат возот од Скопје до Битола да стигнува за помалку од 9 часа?

Мубекир Палоши од партијата Алтернатива од денеска ќе биде новиот в.д. директор на Железници на РСМ-Транспорт.

СДСМ и ДУИ го исполнија барањето на нивниот коалиционен партнер, а ова е само првото барање од списокот за раководни позиции кој им го доставил претседателот Африм Гаши.

Досегашен директор на железниците беше Аднан Азизи, генералниот секретар на Беса, кој беше поставен на оваа позиција во ноември минатата година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.