За крајот на летото, а почетокот на есента Елена Велевска реши својата публика да ја израдува со нова песна и нов видео спот.
Песната е авторско дело на двоецот Дејан Момировски и Борче Нечовски, а за видеото го ангажираше еден од најдобрите режисери од соседна Бугарија.
Оние кои ја слушнале песната велат дека ова е позитивно изненадување и песна која е различна од се’ она кое што сме го слушнале од нејзе.
“Направив куса пауза кога е мојата авторска музика во прашање, бев во потрага по песна која е квалитетна, поинаква и песна која ќе се слуша. “Зоро моја румена„ е песна која мене ми се допадна на прво слушање и се надевам дека на ист начин ќе и се допадне на публиката. Видео спотот за песната се реализираше на локации во соседна Бугарија, зад режисерската палка задолжен беше еден од најдобрите режисери”, вели Елена.