Слушнете нешто убаво и уживајте! Двајцата млади пијанисти од Прилеп фасцинираат со нивната музикалност и талент (Видео)

Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески се млади пијанисти од Прилеп кои фасцинираат со нивниот талент и музикалност.

Двајцата пијанисти се ученици во класата на Проф. Христина Никоска Тасеска од ОМУ “Одран Михајлоски-Оцка”- Прилеп и се едни од најнаградуваните во училиштето.

Во продолжение слушнете ја нивната заедничка изведба на валцерот oд балетот “Заспаната убавица” на Петар Илич Чајковски и Сергеј Рахманиноф.

Изведбата е од 20.12.2019 година кога двајцата млади пијанисти имаа заеднички концерт во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”.

Уживајте!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.