Прилепчани ја продолжија традицијата на собири во своите маала околу коледарските огнови. Со вкусна посна трпеза, греана ракија, вино и многу музика и оро, синоќа се празнуваше Коледе, речиси секаде низ градот.
Сите маала имаа свои огнови, а прилепчани се дружеа околу нив. Коледарите имаа пријатни временски услови, па затоа ги имаше и во толку голем број околу огновите.
За најголема пофалба се коледарите од улицата “Мирче Ацев” на Рид, за кои може да се каже дека беа најбројни покрај коледарскиот оган. Сложни како едно јато, и млади и постари…. го направија адетот, а нас ни испратија едно одлично кадро од нивната дружба.