Шефот на словенечката дипломатија, Анже Логар, денеска изјави дека Словенија нема намера да прифаќа бегалци од Авганистан, освен максимум пет Авганистанци кои работеле за ЕУ.

Вчера европските министри за надворешни работи се согласија дека земјите -членки треба да обезбедат солидарност и помош за оние кои работеле како преведувачи за европската дипломатска служба или како локални логистичари и за членовите на нивните семејства, бидејќи сега се соочуваат со „смртна закана” во Авганистан.
„Ќе покажеме солидарност со прифаќање на соработниците во ЕУ и засега нема да пприфатиме друг товар“, изјави Логар за новинарите во Брисел.
Премиеркатѕа на Естонија, Каја Калас рече дека таа земја може да прифати 10 бегалци од Авганистан и тоа само лица кои кои соработувале со ЕУ и НАТО, како и нивните членови од фамилијата.