Од вчера во Словенија без никакви рестрикции можат да влезат граѓани од 17 земји, откако претходно влез беше дозволен за жителите на Австрија, Хрватска и Унгарија.
Влез во земјата сега е дозволен и на граѓаните на Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Исланд, Летонија, Литванија, Лихтенштајн, Норвешка, Словачка и Швајцарија.
Тие земји се ставени на листата на основа на епидемиолошката ситуација, а доколку ситуацијата ов некоја земја се влоши, таа ќе биде тргната од листата.
Државјаните на земјите кои не се на листата ќе мораат да одат во 14-дневен карантин, а единствен исклучок се работниците во меѓународниот сообраќај, лицата кои вршат товарен сообраќај и сопственици на дипломатски пасош.