Словенечките медиуми за Македонија- “Koвид-19: Македонија во xaoc, неред и неспособност, поткрепено со кopyпција

“Продолжува несреќната судбина на некогаш најјужната Југословенска република”, пишува словенечкиот портал “vfokusu”.

“Луѓето се обични “фармери” на шаховската табла која е однапред купена, но тие не знаат како ќе бидат изиграни на таблата. Се што знаат е дека нивните плодови ќе останат на шаховската табла, пленот ќе се дели без разлика дали пионите ќе паднат и без разлика дали скокачите ќе можат да да скокнат до страната на противникот. На крајот “Господарот на светот” или господарите на вojната ќе го делат пленот без разлика на се…”

– Во моментот кога целиот свет се бори со невидливиот непријател и кога сите преземаат слични мерки за да се спасат од пандемиjaта, во веќе споменатата несреќна Македонија, властите на претходната и сега веќе техничка Влада, ја користат “техниката” на неспособност од невидени размери. Поранешната влада на СДСМ и сегашната “техничка СДСМ” ја покажа својата неспособност со која би се кандидирале за Нобелова награда, секако ако би ја установил светот на мудреците од некој примитивен африкански “Бутанистан”.

Додека соседите се борат да преземаат мерки со кои би се спасила економијата на државата, СДСМ целосно ги занемари малите и средни претпријатија и ги остави да пропаднат. Соседните земји донираат огромни ресурси за да ја одржат економијата жива, а СДСМ ја поддржува само олигархијата и нејзините интереси. Тие ги одбиваат предлозите на опозицијата за субвенционирање на одредени економски сектори, и остануваат глуви без разлика на последиците кои ќе настанат врз економијата”.

“Kолку и да пропаѓа економијата на земјата, тие се толку “погорди” на нивната тврдоглавост и непоспустливост”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.