Слободна Далмација: Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

Хрватска најавува враќање на обврзниот воен рок, кој би се служел три недели или најмногу еден месец, и тоа само во лето, објави Слободна Далмација.

voeni-avioni

Одлуката за повторно воведување воена обврска наводно треба да помине само потребна процедура за да се почне со нејзина примена.

– Постојат се уште варијанти и идеи како да се осмисли воениот рок, колку да трае каде ќе се спроведува обуката, кои инструктори да се ангажираат и колку тоа ќе чини, наведува сплитскиот весник.

Најмногу изгледи има планот за воен рок од три недели или најмногу еден месец и тоа во лето, од последната недела во јули до крајот на август во два турнуса. Воениот рок би бил задолжителен за сите момчиња, а девојки би оделе само ако сакаат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.