Слободарски Прилеп ќе ја брани татковината до крај: Реки луѓе и вечерва во градот херој (ФОТО/ВИДЕО)

BeFunky Collage

Нова работна недела, нови реки луѓе во Прилеп. Граѓаните на градот херој не престануваат да се спротивставуваат на обидите да се сруши унитарноста на државата.

dav

dav

dav

dav

Во голем број, како што доликува на прилепчани кога државата е во прашање, и вечерва изледоа низ градските улици и го кренаа гласот против албанската платформа од Тирана.

dav

dav

Црвено-жолти знамиња, патриотски песни и жестоки пораки до трговците со македонските симболи, македонската химна, знаме, грб, јазик.

dav

dav

dav

dav

Мирниот протест во Прилеп вечерва го предводеа ќерката на првиот Претседател на АСНОМ Методија Андонов – Ченто и Примариус Д-р Благоја Дамески, син на паднатиот борец Дамески Велков Васил, чии слободарски коски лежат на Могилата на непобедените, а според творците на албанската платформа вршел геноцид.

Протестите во Прилеп продолжуваат и утре со нов термин, 19 часот пред споменикот “Прилепски бранители”.

 

A.Г.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.