Плоден ден во Болница Плодност – Hospital Plodnost. Утринава на свет во нашата болница дојдоа 8 новороденчиња, кои се во прегратка на нашите медицински сестри – информираат од болницата на ФБ.
-Заедно со останатите 4 од претходните денови, во моментов ги имаме 12. Задоволството нема цена, кога денот е исполнет со толкава бројка на нови членови на нашето големо семејство. Да се здрави и живи заедно со родителите – велат од “Плодност” Битола.