Доналд Трамп ја освои американска држава Алјаска и доби уште три електорски гласови, со кои стигна до 214 од потребните 270 за да остане претседател на САД.
Истовремено, државата Џорџија објави дека повторно ќе се бројат гласовите од претседателските избори во неа, во кои Џо Бајден имаше предност од 14.000 гласови во однос на Трамп, поточно 2.471.906 наспроти 2.457.794.
Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, изјави дека гласовите ќе се пребројуваат на барање на адвокатите на Трамп.
„Со толку мала разлика, тоа бара целосно повторно пребројување на гласовите во секој округ. Тоа ќе помогне во изградбата на довербата. Оваа трка може да има национално значење“, објасни тој.
Џорџија носи 16 електорски гласови.