Следува ли тотална чистка во ФФМ? Целосно нов УО и делегати?

По катастрофалниот пораз на македонската фудбалска репрезентација У18 против Унгарија, кој заврши со 5-0 за домаќините, многу фудбалски љубители и експерти изразија незадоволство од играта на нашата селекција. Навивачите и дел од спортската јавност ја критикуваат селекцијата на играчи, укажувајќи дека додека талентираните момци остануваат дома, репрезентацијата игра со фудбалери кои не успеваат да донесат победа против послаби противници, пишува порталот sportclub.mk

Многумина бараат промени не само во изборот на играчите, туку и во раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) , но и за селекторот Ерхан Селими. Според нив, ваквите резултати укажуваат на потреба од нова визија и стратегија која ќе овозможи користење на вистинските таленти и потенцијали.

Ваквите незадоволства не се новост, но по овој резултат против Унгарија, апелите за промени стануваат се погласни. Дали е време за сериозни промени во ФФМ и во стручниот штаб? Останува да видиме какви чекори ќе преземе федерацијата во наредниот период.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.