СЛЕДЕТЕ ГО ВО ЖИВО ЦИКЛОНОТ “AНДРЕА”: Eве каде моментално е најсилно невремето и за кога се очекува кај нас

Aпликација на која можете да го следите моќниот циклон “Андреа”, но и сите други невремиња кои во моментот се активни низ светот.

Циклонот моментално е најсилен во јужните делови на Италија и во Јонското море, а Македонија најпогодена според метеоролозите ќе биде денеска, за кога се очекуваат поројни дождови проследени со силен ветер и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни грмежи, силен ветер и појава на град – информираше метеорологот Славчо Поповски.

Циклонот следете го на следниот ЛИНК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.