Финален ден на меморијалниот ракометен турнир “Миле Нешкоски” во Прилеп. Веќе започна натпреварот за 5-то место помеѓу екипите на Куманово и домаќинот РК Прилеп.
Од 13часот за трето место ќе играат екипите на Тиквеш и Врање, а големото финале помеѓу Еурофарм Пелистер 2 и Охрид се игра од 15 часот.
Влезот за натпреварите во салата на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” е слободен, а истите можете да ги следите и на јутјуб каналот на РК Прилеп.