Следете во живо: HACA ќе го ланcиpa телecкопот “Џејмс Веб” – вреди 10 милиjapди долapи, а се изработуваше цели 30 години

Најголемиот вселенски телескоп „Џејмс Веб“ денеска треба да биде лансиран. Вселенскиот телескоп на НАСА вреден 10 милијарди долари ќе биде лансиран на ракетата Ариан-5.

За неговото дизајнирање и изработка потребни биле 30 години, а се смета за еден од најголемите научни потфати на 21 век.

Мисијата на „Џејмс Веб“ е да ги дополни откритијата на вселенскиот телескоп Хабл, на кој по 31 година во орбитата му се ближи крајот.

„Џејмс Веб“ ќе може да види подлабоко во космосот. Целта е да се видат и некои од првите ѕвезди и галаксијата кои се формирале.

Телескопот ќе може да ја испита атмосферата и на одалечените планети за да се види дали има гасови кои може да водат кон присуство на живот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.