Македонското Министерство за одбрана објави продажба на 11 службени кучиња по цена од 60 до 200 евра. Се продаваат осум германски и три белгиски овчари, објави српската национална телевиџија РТС.
Кучињата се стари меѓу шест месеци и година ипол, а овие животни поминале низ комплетна обука.
Како што пишува телевизијата, продажбата на службени кучиња е втора одлука на новата македонска министерка за одбрана Славјанка Петровска, која претходно најави можност македонската армија е подготвена, доколку тоа го побара НАТО, да се вклучи во евентуален вoopyжен конфликт меѓу Украина и Русија.