Славјанка појде во Киев да им даде поддршка на Украинците (Фото/Видео)

Министерката за одбрана Славјанка Петровска од утрово се наоѓа во посета на Украина во знак, како што е наведено во соопштението, на поддршка на украинското лидерство и на украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет.

Петровска на средбите со претставници на официјален Киев ќе го пренесе ставот кој Македонија го имаше од самиот почеток на руската агресија, а тој став, како што нагласува Министерството за одбрана преку соопштението, е дека целосно го поддржува украинскиот суверенитет во своите меѓународно признати граници и дава поддршка на правото на Украина за самоодбрана.

„Воените дејствија, уништувањата и страдањата на украинскиот народ мора веднаш да запрат“. Министерката Петровска во Украина лично ќе се запознае со последиците од уништување и разорување предизвикани од руската агресија, а од претставниците на официјален Киев одблиску ќе се информира за состојбата на теренот“, пишува во соопштението за посетата на Киев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.