Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање највисоки концентрации на ПМ10 измерија во Гази Баба 270 микрограми на метар кубен, Тетово 197, Битола 169, Центар 159, Карпош 147, Лисиче 135, Ректорат 113 и во Велес 96 микрограми на метар кубен.
Над дозволените концентрации ПМ10 честички има и во Кавадарци, каде се регистрирани 43 микрограми на метар кубен.
Најголема концентрација на загаден воздух обично има навечер и тоа во Скопје и Тетово. Во Скопје најкритчни се населбите Лисиче и Центар.