Скопјанец огpaбен oд својата љубовница од Прилеп која ја запознал на Интернет

Ја запознал на „Фејсбук“ мислејќи дека ќе му биде животна сопатнична, без ниту грам сомнеж дека по 8 месеци ќе го ограби и ќе избега. „Сител“ го пренесува проблем со кој се соочува 56-годишниот скопјанец Благојче Петревски, кој останал без своите 3.000 евра, пари кои наместо за исплата на семеен долг, завршиле во рацете на неговата љубовница.

Таа заминала без трага и глас.

Благоја, кој случајот го пријавил во МВР, вели дека не е единствениот измамен од 49-годишната прилепчанка, за која има сознанија дека на сличен начин успеала да извлече пари уште од тројца мажи, од други градови.

Од МВР велат дека таа заработила кривична за кражба уште во 2014 година.

Целата сторија на „Сител“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.