Зекерија Идризи од Скопското муфтиство, кој престојува во Берлин, доаѓа во Скопје како висок муслимански клерик, а преку социјалните мрежи упати директни закани и повици за тероризам.
„Скопје е мојата крв и мојот дух кој не се подарува.
Наскоро ме очекува голема работа и одговорност за илирско-дарданско Скопје.
Јас, како син на Скопје, имам голем долг кон оваа земја и затоа со душа прифаќам таква висока одговорност. Наскоро ќе разберете, ќе дознаете мои пријатели, имам кажано во моите дела и јавно сега кажувам:
„Живеам, делувам, медитирам, и ќе се оддадам целосно и да умрам ќе биди во главниот град на Античка Дарданија, Аберија – Илирија.
Под итно ги повикувам моите колеги и интелектуалци од Скопје за заедничко дејствување…
Бог да ни е напомош!“
Идризи на Фејсбук редовно објавува статуси и цитати во кои ги обвинува Македонците, властите и црквата за континуирано угнетување и негирање на Албанците и исламот и исламските обележја на почвата на Македонија.
Во еден од последните коментари тој вели дека нема да се смири додека е жив, ниту во гробот, сѐ додека не го види минарето до Крстот на Водно.
„Нема да си кажам алал себеси како скопски муфтија сѐ додека заедно со сите теолошки и интелектуални и политички сили не успеам да го убедам македонскиот и меѓународниот фактор дека Македонија нема да види бел ден и стабилност сѐ додека во сите државни и општествени аспекти не се рефлектира мултиетничка, мултикултурна и мултирелигиска рамноправност“.
Извор: kurir.mk