Скопската Зоолошка градина од вчера има нов член. Се роди малото еленче Брауни.
“После повеќе од 10 години, во Зоо Скопје се роди кафено еленче лопатар. Утрово, нашиот Горан Анастасовски имаше можност да ги направи овие преубави фотографии веднаш по раѓањето” – напишаа на Фејсбук фан страната од скопската Зоолошка градина.
Едно преслатко суштество кое ќе ги радува сите, и мали и возрасни…
ФОТО: Горан Анастасовски