Договорот е постигнат, сега се чека согласност од играчите. Се покажа уште еднаш дека Динамо Загреб е пред сите останати клубови на просторите на екс Југославија.
Звучи неверојатно, но медиумите од Италија добија потврда дека делегација на Наполи патувала во Загреб и склучила голема зделка со Динамо. Наполитанците понудиле 35 милиони евра за Марко Пјаца и Марко Рог, а челниците на Динамо Загреб се согласиле.
Двајцата играчи имаат по 21 година, двајцата се репрезентативци на Хрватска, сумата за нив е навистина голема, па останува уште да се согласат тие и ова да биди зделка на летото во Сериа А.
Рог е поблиску до синиот дрес од Пјаца, кој сепак гледа кон поголемите клубови. Него го сакаат клубови од Премиер лигата, но за него се заинтересирани и Јувентус и Милан, што секако е попримамливо од Наполи.
Како што пишува италијанскиот новинар Алфредо Педула, останува уште Наполи да најде заеднички јазик со овие двајца квалитетни играчи, а како уште една опција се спомнува и Анте Чорич, кого исто така сакаат да го доведат, но тој бил бил опција само ако Пјаца замине во друг клуб.
Како и да е, Здравко Мамич од Динамо Загреб одново им покажа на останатите клубови како се работи на пазарот. Ваков трансфер е незамислив, но за Динамо станува рутина.
А.Г.