“Скенирачи” подгответе се! Еве кога ќе ви пристигнат парите oд мој ДДВ

Граѓаните кои редовно скенирале фискални сметки во месеците јули, август и септември, овој месец може да ја очекуваат исплатата на повратот на ДДВ.
Законскиот рок за исплата е 60 дена по завршување на кварталот.

Сите кои ги исполниле условите и имаат точно внесена и активна трансакциска сметка во апликацијата „МојДДВ“, ќе ги добијат средствата автоматски по обработката на податоците.

Од Управата за јавни приходи (УЈП) потсетуваат дека најчеста причина за доцнење на исплатите во минатите квартали биле погрешно внесени или неажурирани трансакциски сметки во системот.

За навремена исплата, УЈП препорачува граѓаните да:

  • проверат дали сите скенирани сметки се евидентирани во апликацијата „МојДДВ“;

  • осигураат дека трансакциската сметка е правилно внесена и активна;

  • ги следат официјалните известувања од УЈП и апликацијата за актуелни информации.

Со редовно ажурирани податоци, исплатата на повратот ќе биде навремена и без застои.

Граѓаните можат да остварат поврат до 2.100 денари по тромесечие, односно до 8.400 денари годишно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.