СКАНДАЛ: “Царовска не го знае ни името на народниот херој и училиштето каде отвараше проект на ВМРО-ДПМНЕ???”

Во основното општинско училиште “Рампо Левката” во Прилеп, денеска беше отворена новата детска градинка, која ќе значи простор за 100 дечиња од предучилишна возраст

Отварањето на градинката која беше готова уште во октомври месец минатата година по којзнае која причина се одолговлекуваше, а истата е сместена во преадаптиран простор во склоп на училиштето.

Денеска лентата на отварањето ја пресекоа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот Илија Јованоски.

Немаше чочек, но повторно се избламираа. На објавата на фан страната на Фејсбук од Царовска на дело се покажа непознавањето, па Рампо Левката беше прекрстен во “Рамно Левката”.

Притоа Царовска и Јованоски не изустија ниту збор за СКАНДАЛОТ кој деновиве ја потресе јавната институција детски градинки “Наша Иднина” околу сместувањето на деца по партиски клуч.

(ФОТО) СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕПСКИТЕ ГРАДИНКИ: ”Како политички се сместуваат децата во градинките, а Министерката молчи??”

За овој скандал денеска преку пресконференција реагираше и ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп барајќи одговори токму од министерката, директорот на институцијата и градоначалникот Илија Јованоски.

ВМРО-ДПМНЕ: “Шифри за во градинка, партиска книшка за на работа-така функционираат СДСМ, Јованоски и Царовска??”

Инаку градинката во ООУ “Рампо Левката”, ја започна претходната локална власт и градоначалникот Марјан Ристески кон средината на минатата година.

Инвестицијата за оваа градинка беше најавено дека изнесува 3 милиони денари, а таа ќе има капацитет да прими околу 100 дечиња.

Новата градинка се состои од 4 училници, нови санитарни јазли, мини детско игралиште, посебен влез и ги поседува сите потребни елемени за згрижување на децата од предучилишна возраст. Истата требаше да започне со работа уште во месец октомври, но поради непознати причини отварањето на оваа градинка се одолговлечи цели 5 месеци.

За потсетување е и тоа дека во последните години капацитетот на ЈОУДГ „Наша иднина“ од Прилеп се прошири за околу 200 места.

Се проширија капацитетите во постоечките градинки, се отвори нова градинка во Работничкиот универзитет “Пере Тошев”, а нови градинки добија и населените места: Канатларци, Беровци, Тополчани и Големо Коњари.

Градинката во ООУ “Рампо Левката” ќе биде од огромно значење за Прилеп, особено за населбите “Корзо”, “Чачорица” и “Тапани”.

Во програмата на Министерството за труд и социјална политика се планираше Прилеп да добие и градинка со голем обем, која би се градела во населбата “Точила”. Со овој проект се планираше да биде решен проблемот со сместување на децата од претшколска возраст од овој дел на градот, а нова градинка од голем обем требаше да добие и населбата “Рид”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.