СКАНДАЛ: Стриптизета ги пречека децата во градинка, родителите шокирани, директорката експресно доби отказ (ВИДЕО)

Лаи Ронг, директорката на градинка во кинескиот град Шенжен доби отказ откако организираше скандалозен дочек на децата и нивните родители по повод почетокот на новата учебна година.

Околу 500 деца на возраст од три до шест години и нивните родители во градинката биле забавувани од страна на „егзотична танчерка“. Девојката започна да се врти околу шипката, додека пак родителите во неверица им ги покриваа очите на своите деца и започнаа да ја напуштаат „претставата“.

-Немав лоша намера. Танчерката само требаше да направи добра атмосфера за првиот ден во градинката. Сега сфаќам дека мојата одлука не била добро промислена и се каам поради тоа, изјавила директорката на градинката која се правдала дека ангажирала и џез музичари и група која што изведува традиционален кинески танц.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.