Општините од Источна Македонија една по една се откажуваат од 16-краките сонца и македонските симболи?
Прво во два наврати во Лозово, а сега два пати и во Свети Николе. Градоначалниците од СДСМ немаат почит кон она што со години се негувало, па се што било во знакот на 16-кракото сонце од Кутлеш, го пребоија во сиво?
Чешмата во Лозово
Претходно исфарбан во сивила беше и паркот пред општинската зграда во оваа општина.
Слична глетка и во општина Свети Николе.
Таму нов дизајн најпрво добија влезните порти во комуналното претпријатие, а сега и ракометното игралиште.
На кого му пречат националните симболи?! Нема простор за државното знаме и во Свети Николе?! (ФОТО)
Имено, од вчера на ова игралиште започна традиционалниот ноќен турнир во мал фудбал “Свети Николе 2018”, на кој учествуваат повеќе екипи од градот.
Она што им сметало пред стартот на турнирот било токму сонцето од Кутлеш кое до неодамна се наоѓало во центарот на игралиштето, па го обоиле во сино.
Се чини општинските власти од овие краишта уште посовреме го применуваат договорот склучен помеѓу Македонија и Грција.