Скандал: “Претседателот на СДСМ Прилеп, потврди, а не дојде на дуел? Се чека одговор од Локвенец и Смилеска за на ТВ “Канал Визија”

Иако договорено и потврдено, Претседателот на СДСМ Прилеп и Претседател на Советот на Општина Прилеп, Миле Талески, не дојде на дуел во Радио “Пела” со Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

Зошто избега од вистината и од фактите дека Прилеп е двојазичен, дека ја поддржува промената на името во Северна Македонија, зошто цената на водата не е намалена за 20%, зошто Прилеп пропаѓа цела година, слушателите немаа можност да слушнат?

Тие што во минатото бараа дуели во интерес на јавноста, денес секојдневно бегаат.

Се очекува и одговор од пратениците Смилеска и Локвенец за фрлената ракавица и дуел на телевизија “Канал ВИЗИЈА”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.