Додека докторите мака мачат да обезбедат соодветни услови за лечење на пациентите, во услови кога здравството е во потпилн колапс во Охрид брзата помош се употребува за разнесување мебел.
Цел намештај му се поболе на човекот. И он не знае што го снајде. Завчера шпоретот, вчера фрижидерот, денес троседот. На агонијата нема крај. Среќа што стигаат на време службите, а во недостаток на возила се испраќаат од Скопје. Ви благодариме што се грижите за здравјето на нашиот намештај.
Извор: “Инфомакс”