Eдна од најдобрите тенисерки на сите времиња Серена Вилијамс направи вистински скандал на финалето од УС Опен.
Американката во вториот сет додека комуницираше со својот тренер, нешто што е забрането на овој турнир, беше опомената од страна на главниот судија Карлос Рамос.
Серена тврдеше дека тоа било судиска грешка и дека без причина е опомената, а потоа следеше нова опомена и казна за Серена. После изгубениот поен и брејк за противничката, Серена од без го скрши рекетот, а судијата по правилата на турнирот ја казни со уште еден загубен поен.
Тоа кај Серена предизвика вистински хаос, а Американката не можеше да молчи. Му пристапи на судијата и започна сериозна кавга со него. Викаше Вилијамс на цел глас, а потоа судијата го нарече крадец поради одземениот поен.
SKANDAL U NJUJORKU: Serena POLUDELA: Amerikanka polomila reket, pa glavnog sudiju nazvala LOPOVOM (VIDEO) pic.twitter.com/rJl4pmYRtc
— palibrate (@palibrate) September 8, 2018
Кога на сите им делуваше дека ситуацијата се смири, Серена не можеше да престане. Играта беше прекината, Серена освои гејм на свој сервис, а потоа следуваа нови навреди од страна на Американката. Арбитарот Рамос повеќе не можеше да слуша и одлучи ригорозно да ја казни – со поклон гејм за Јапонката. Серена веднаш побара да разговара со супервизорот, но тоа немаше ефект.
Serena zaplakala zbog nepravde pic.twitter.com/QP59Hq6kMp
— palibrate (@palibrate) September 8, 2018
Од бес, Вилијамс започна да плаче, а супервизорот и објасни дека ништо не може да промени и дека тоа е дефинитивна одлука.
Американката со тоа не можеше да се помири, а сето тоа го искористи Осака, која освои гејм на свој сервис и така дојде до трофејот на УС Опен. Мечот заврши со резултат 2:0 (6:2, 6:4) во корист на Наоми.
Осака е првата девојка од Јапонија која освои Гренд Слем трофеј.