На социјалните мрежи денеска се прошири снимка од Дневникот на руската државна телевизија, каде додека презентерката ја читаше најавата на дневникот, зад незе се појави друга жена со транспарент против вojната во Украина.
“Не за вojна. Прекинете ја вojната. Не верувајте во пропагандата. Тие вас ве лажат. Русите се против вojна”, пишува на транспарентот кој жената кратко време го држеше во етер. Снимката за кратко време ги преплави социјалните мрежи, а веднаш започнала потрага по идентитетот на жената.
Уредникот на московскиот Financial Times, Макс Седон, набрзо обрајви дека се работи за Марина Овсјаникова, која е уредничка на државната телевизија. Таа веднаш била приведена во една од полициските станици во Москва.
Овсјаникова ќе биде обвинета за дискредитација на руската вojcка, обвинение според кое би можела да добие и над 15 години затвopcка казна.
A woman burst onto Russia’s main live evening newscast today with a sign that says:
“Stop the war
Don’t believe propaganda
They’re lying to you”And chanting: “Stop the war! No to war!”pic.twitter.com/pKVKZFVEM3
— max seddon (@maxseddon) March 14, 2022