Медицински сестри од одделението за интензивна нега се снимени како се смеат, играат и се шегуваат покрај тешко болен пациент.
Во еден момент, една сестра прекинува да мрда енергично со колковите, за да го погледне пациентот, за потоа повторно да почна да игра.
Снимката е направена во една приватна болница во Анталија на југозападот на Турција.
Снимката е стара три години, а го има поставено еден незадоволен поранешен работник од болницата.
Сопственикот Хусеин Сари вели дека персоналот веднаш добил известување да го напушти своето работно место кога видеото се објави во јавност.