СКАНДАЛ: Еве како се местат контролни натпревари, се судат и промашуваат непостоечки пенали

„Федербет“ меѓународната неофицијална и некомерцијална организација, чија основна цел е откривање и пријавување на неправилности во фудбалот, како и незаконско местење на натпревари врз основа на коефициентите во обложувалниците го објави своето истражување од неколкуте подготвителни натпревари во Кипар и Турција.

Организацијата верува дека неколку подготвителните мечеви меѓу романски и руски клубови биле наместени, но не од страна на играчите, туку од страна на судиите. Освен тоа судиите во ваквите ситуации им помагале и на обложувачите да го погодат бројот на голови.

Еден од најсомнителните натпревари како пример кој се вбројува е оној помеѓу Клуж од Романија и Уфа од Русија, кој при крајот на првото полувреме при резултат од 0:0 судијата се одлучил да го продолжи мечот за седум минути, а освен тоа било досудено и сомнителен пенал за романската екипа, кој не беше реализиран при првиот обид, а секако поради неправилности истиот се повторил и вториот пат екипата го постигнала својот гол и заминала на полувреме со резултат од 1:0.

„Магија или нешто друго“, се наведува во извлештајот на  „Федербет“ за вториот натпревар помеѓу Астра од Романија и Урал од Русија, кој заврши со резултат од 4-2, а во обложувалниците примена е висока сума на пари на повеќе од 3,5 гола.

Исто така во извештајот се наведува и сомнителниот натпревар одигран во Анталија, Турција помеѓу ронанскиот клуб Пандурии и рускиот Крила Совјетов. Откако немало постигнато гол во првите 35 минути коефициентот започнал да паѓа на играта „повеќе голови“, а за играта на играта „повеќе од 2,5 голови“ изнесувал само 1,45.

А по само три минути или во 38 минута судијата досудил непостоечки пенал и пет минути подоцна се случило повторување на истиот чин, за да на крајот поминал коефициентот на играта „повеќе од 3,5 голови“, бидејќи натпреварот завршил 2:2.

Федерет го издвојува натпреварот помеѓу поманскиот Астра и полскиот клуб Погон, на кој повторно без никаква причина беше досуден пенал по изведувањето на аут. Романскиот фудбалер Кристијан Сапунару, свесен за намерата на судиите, само ја додаде топката до голманот, но пеналот мораше да биде одново изведен.

Одговорноста во вториот обид ја презеде Даниел Никулае, кој ја погоди целта на радост на својата екипа и судиската тројка.

Сомнителен е и натпреварот одигран во Турција помеѓу Ботосани (Романија) и Амкар (Русија) завршен со резултат 3:0, а два гола биле постигнати од непостоечки пенали.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.