Голем скандал се случи во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во строгиот центар на Радовиш.
Станува збор за верски обред кој се одржал во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во строгиот центар на Радовиш, на само 50 метри од општината.
И додека градоначалникот на општината Герасим Конзулов и министерката Рената Дескоска молчат граѓаните преку социјалните мрежи веднаш го осудија овој чин.
Имено според член 12 од Законот за заштита на децата се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, со што е предвидена глоба од 1000 евра.
Инаку верска поука може да се изведува само во јавни простории во кои се вршат верски обреди и верски работи, а за посетување на верска поука од страна на малолетник потребна е согласност од родител, односно старател како и негова согласност.
Извор: “Курир”