Безбедносната камера во чекална во една болница сними маж како напаѓа две медицински сестри кои при таа прилика се здобиле со тешки повреди.
Инцидентот го предизвикал 38 годишен маж дошол во болница во рускиот град Велики Новогород, со исеченици на лицето после тепачка во локално кафуле.
Една медицинска сестра поради потрес на мозокот завршила на одделението за неврохирургија, додека другата на Максилофацијална хирургија, каде и е констатирана скршеница на коска на лицето.
Пијаниот пациент го повреди и работникот од обезбедувањето на болницата, а покасно имал и инцидент со полицајците кои го уапсиле и сместиле во притвор.