Фото/ФОКУС
Владината служба за информации попладнево не им дозволи на фоторепортерите, да ги сликаат претседателите на политичките партии како пристигнуваат на лидерската средба во Клубот на пратеници, јавуваат „Фокус“ и „Сакам да кажам“.
На фоторепортерите од страна на владиниот протокол им е кажано дека тоа е поради „безбедносни причини“, по што фоторепортерите во знак на протест ги ставија фотоапратите на земја.
Откако дел од нив се побунија, советникот на премиерот, Марјан Забрчанец им искоменира: „11 година ве газеа и ќутевте, сега најдовте да зборите“.