Скандалозно: Серхио Рамос позитивен нa допинг тест

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е познатиот фудбалер кој дал позитивен допинг примерок во Лигата на Шампионите, информира „Шпигел“, повикувајќи се на откритија на „Фудбал ликс“.

Се работи за финалето на турнирот во пролетта 2017 година, кога Шпанците го победија Јувентус со 4:1. Сепак, дефанзивецот не бил санкциониран на кој било начин и неговиот прекршок бил чуван во тајност.

Според „Фудбал ликс“, Рамос не го положил тестот и во други прилики.

Резултатите од мострата на Рамос по натпреварот на 3 јуни 2017 година покажале присуството на декстаметазон (Dexamethasone) – кортикостероид кој помага при воспаление.

УЕФА генерално дозволува употреба, но само ако клубот претходно известил за неговата употреба.

Излезе дека, сепак, докторите на Реал известиле дека Рамос зел уште еден лек Целестон хронодозе (Celestone Chronodose).

Затоа лекарот на „белите“ презел целосна одговорност за пропустот, а од УЕФА прифатиле само едно извинување.

Месеци претходно – во февруари 2017 година, допинг агенти пристигнуваат во базата на Реал Мадрид, што е нормална практика.

Нивната појава сепак предизвикала тензија кај играчите. Реал Мадрид потоа инсистирал на тоа дека агентите за кои станува збор не биле доволно професионални во нивната работа, па на крајот лекарите на клубот ги зеле примероците. Ова е грубо кршење на регулативите, но во овој случај европскиот фудбалски штаб ги прифатил резултатите.

Пред неколку недели, „Фудбал ликс“ објави многу нови скандалозни откритија за измами во светскиот фудбал. Уште тогаш тие спомена за популарен фудбалер, кој играл во многу финалиња на ЛШ. Истражните новинари сепак ќе ги објават своите откритија во фази.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.