Вчера околу 22 часот во Полициската станица-Прилеп, 41 годишна жителка на Прилеп, пријавила дека истиот ден околу 17 часот во семејниот дом нејзиниот син започнал вербална расправија и физички ја нападнал удирајќи ја со раце и нозе по телото при што и нанел повреди. Во обид да го смири се вмешала и неговата баба, по што истиот и неа физички ја нападнал при што и нанел тешки телесни повреди (фрактура на десна подлактица).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.