Весникот Лајм објави видео на кое се гледат автобуси кои се полни со луѓе за кои весникот тврди дека тоа се млади лица претежно од Сарај и Тетово кои го фатиле патот за во туѓина.
– Видео од Сарај, си оди младината, шест полни автобуси со нашата младина. Тага и солзи во нивните лица, пишува Лајм, кој воедно го цитира и насловот на објавеното видео.
Ова уште еднаш докажува дека младите секојдневно ја напуштаат земјата и одат во правец на Германија, Италија и другите европски земји.
Ова видео е од Сарај каде што автобусите се полнат од Тетово и го продолжуваат своето патување за на курбет, болно, но вистинито.