Си може: Премиерот во официјална посета на САД си ги зел жената и децата

Работа и задоволство. Премиерот на американска турнеја во придружба на семејството. Димитар Ковачевски заедно со сопругата Елена Ковачевска и малолетните ќерка и син најпрвин беше неколку дена во Њујорк, а потоа и во Вашингтон.

Од Владата цел ден не одговараат на прашањата на Алфа во кое својство е заминато и семејството на премиерот, кој платил за авионските билети, за хотелското сметување, дали е ангажирано и дополнително обезбедување, колку чини сето тоа.

Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа, цело утро го одолговлекуваше одговорот, а потоа и престана да крева на телефон.

Од Илинденска не кажуваат ниту колку члена брои целата делегација, но Алфа неофицијално дознава дека се заминати речиси 30 луѓе.

Инаку на официјалните страници на социјалните мрежи се објавени повеќе фотографии и видеа од средби на премиерот каде е придружуван од неговата сопруга, но никаде не се споменува дека во Соединтите Држави си ги понел и децата.

Досега, Македонија не памети функционер кој во официјална работна посета со себе го понел цело семејство, а ниту еден странски владин претставник не ни дошол во официјална посета носејќи ги со себе сопругата и децата коментираат за Алфа пиар лица кои со години работат протокол во државни институции.

Премиерот во САД замина на 2 мај, а денеска заедно со цела делегација треба да слета на аеродромот во Скопје.

Ова не е прв пат Димитар Ковачевски да си го зема и семејството на официјални патувања. Лани во мај замина во Рим на аудиенција кај папата Франциск придружуван од неговата ќерка.

Овој скандал предизвика лавина реакции, јавноста гласно велеше дека Ковачевски не се кралско семејство и дека ќерката на премиерот не е принцеза за да има протколарна улога како што несмасно Димитар Ковачевски се обидуваше да се оправда тогаш.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.