Си го истетовирал ликот на брат му кој има Даунов синдром: Од неговата реакција ќе ви се насолзат очите (ВИДЕО)

Овие браќа од Рио де Женеиро му покажаа на светот колку љубовта помеѓу семејството е важна во животот.

Тие ги освоија срцата на луѓето ширум светот по видеото во кое постариот брат му ја покажува својата нова тетоважа на помладиот брат.

Рафа на својата рака го истетовирал ликот на помладиот брат Ерик, кој има Даунов синдром. Нивната мајка Соарес Шејла снимила видео кое го објавила на својот Фејсбук профил.

На лицето на Ерик се забележува неизмерната среќа додека го гледа секој детаљ од новата тетоважа која го прикажува како силен и храбар воин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.