До пред половина година се пуштаа од оро кога ќе запеев патриотска песна, се плашеја да не ги видат или сликаат со мене затоа што важев за патриот, а за нив беше страмно и заостанато да си патриот. Се плашеа да стават лајк на мои објави и постови од национален интерес. Македонските народни песни за нив беа „сељачки“. А сега…сега наеднаш сите се патриоти.
Вака македонскиот пејач Спасен Сиљаноски удри по сите лажни патриоти, порачувајќи им дека и лично би им го кажал истото, но не му креваат на телефон.
-Се развиле знамиња со 16 краци за да докажат демек и ние сме патриоти. Поголеми патриоти дури и од Гоцета, Дамета, Јанета…Поголеми католици од Папата. И тие истите такви гниди, мекотели, безкичмењаци, олоши, кодоши, бројлери се облекуваат со Сонцето од Кутлеш и дремат по штабови за да се дочепаат до некое директорско место…И, за жал, си добиваат, што е најтрагично. Одеднаш гледаш нови голобради фаци како се сместуваат на функции, а никогаш предходно не си ги видел на протест, митинг, трибина, организација…никаде! Еј вие таму горе високо, внимавајте, Македонија не е само за денес. На Македонија ќе ѝ требаат секогаш вистински патриоти со „мустаќи“. Не уништувајте го патриотскиот дух во нив оти само уште тој им остана. А без нив нема Македонија…ниту вас. Патриот е оној кој што е подготвен да изгуби сè, дури и својот живот за својата татковина и својата нација, а не е човек кој што е подготвен да ДОБИЕ сè од свјата татковина, научете ја еднаш оваа разлика, им порача тој.