“Ние во Македонија одамна знаеме дека еден од најголемите проблеми е одсуството на независно судство, недостаток на реформи.
Одлуката на Заев да не биде повеќе претседател на Телото за судски реформи е задоцнета.
Независното судство е клучно за демократска држава и битно за реформите за членство во ЕУ. Преспанскиот договор не е доволен за влез во Унијата.
Јас, односно ние, се повикуваме на владеењето на правото и на правдата, оти без тој услов нема ниту почеток на преговори, ниту европеизација”, напиша Сиљановска на Фејсбук.