“Ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден, празник кој е основа на нашиот христијански живот и надеж. Денот кога вистината ја победи лагата.
Денес се потсетуваме на вековната порака на Исус Христос, за мир и пријателство, за човекољубие и меѓусебно почитување, за свое спознавање и достоинствен позитивен живот. Денес, повеќе од секогаш, водени од нашата духовна верба, треба да се сплотиме заедно, да бидеме едно на страната на правдата и правдината за нашата татковина Македонија.
Со верба во Бога, со мир во душата и љубов во срцето, да се радуваме, да си простуваме, да се сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!”, напиша Сиљановска Давкова на Фејсбук.