Сијарто: Зошто да чекаме до 2030, ајде да ги примиме земјите од Западен Балакан во ЕУ веднаш!

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Питер Сијарто вели дека Европската унија не треба да чека до 2030 година за да ги вклучи земјите од Западен Балкан што е можно побрзо затоа што со нив Унијата ќе биде поголема и посилна.

„Мислам дека проширувањето е неопходно и мора да биде забрзано што е можно повеќе. Вчера слушнавме 2030 година, добро, но зошто не утре. Што не спречува да кажеме дека сега мораме да ги вклучиме сите кандидати од Западен Балкан во ЕУ, место да чекаме до 2030 година. Ајде да ги отвориме сите поглавја и да ги затвориме што е можно побрзо. Со Западен Балкан ќе бидеме поголеми и посилни, ќе има многу поголем простор за економска соработка. Од аспект на енергетската сигурност, тие се најважна област на транзит, барем за центраниот дел на Европа и потоа ќе биде тотално непотребно да плачеме за иницијативите или намерите на други да бидат вклучени во Западен Балкан, бидејќи сè додека не го интегрираме Западен Балкан, сите други заинтересирани, кои и да се, ќе бидат вклучени и ние ќе плачеме за тоа. Мислам дека реформите треба да бидат базирани на рационалност и на здрав разум и проширување да биде ставено на врвот на агендата и да се случи што е можно побрзо“, рече Сијарто денеска на панел на Блед стратешкиот форум во Словенија.

Од земјите од Западен Балкан, Србија и Црна ги почнаа пристапните преговори со ЕУ уште пред десетина години, а Македонија и Албанија сè во скрининг фазата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.