Сите спортски лаги на градоначалникот и прашање за обвинителството? (Видео)

Стоиме пред овој објект, од пред кој, сегашниот Градоначалник Илија Јованоски ги читаше милозвучните лаги за спортот и за иднината на сала “Македонија”. И по 4 години, Состојбата е иста нема ништо од најавениот базен, фитнес сала или гимнастички центар – истакна на денешната прес конференција Александар Крстески од комисијата за спорт при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

-Салата е руинирана, како граѓани не знаеме кој стопанисува со неа и дали се плаќа кирија. Во чиј џеб се слеваат средствата од рекреативците? Дали можеби има вистина во шпекулациите, дека средствата ги добива полициски службеник близок до власта?

Дали овој објект кој нема технички прием е даден под концесија? На ова прашање треба да одговорат оние кои пре речиси 5 години како загрижени спортисти, а сега функционери на удобни фотелји, стоеа на пресовите од Илија Јованоски.

За 4 години не се вложени ни 10 денари во спортска инфраструктура, нема ниту една нова спортска сала,или ново игралиште. Салата “Партизан” се распаѓа,домот “Дервен” е во очајна состојба.

За жал, Прилеп има само прволигаш во ракомет,кој не е доволно поддржан од Општината.Фудбалот, кошарката, одбојката денес се мисловна именка за оваа власт. Не случајно рејтингот на Илија Јованоски во Прилеп денес е 1.1%.

Од денес секојдневно ќе ги посетуваме објектите пред кои во 2017- та ветувавте европски спорт и ќе ви покажуваме каков пустош оставивте како власт. Оваа ваша деструктивност ќе биде казнета во октомври од прилепчани. Оставаме на обвинителството по допрен глас да ја испита работата во сала „Македонија“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.