Сите се породиле, а линијата и понатаму им е совршена: Познатите дами ги откриваат своите тајни за рамен стомак и борба со вишокот килограми (ФОТО)

Миранда Кер, Бијонсе, Ел Макферсон и Ким Кардашијан ги откриваат тајните за намалување на килограми.

Секој од нас барем еднаш во животот одлучил да испроба некоја диета па сите знаеме колку диетите можат да бидат компликувани, а понекогаш и невозможни. Сепак, овие познати дами ги поделија своите совети со остатокот од светот, и кажаа како се соочиле со вишокот килограми после породувањето.

Миранда Кер

Ако ги прашате нутриционистите, постои само еден лек против надуеност, а тоа е лажичка нерафинирано кокосово масло. Токму тоа го пиела Миранда и гарантира дека тоа е формулата за рамен стомак.

Бијонсе

Пејачката се одлучила за диета која се состои од девет часа вода дневно. Меѓутоа, то не била обична вода, туку со додаток од јаворов сируп, каенски бибер и лимонов сок.

Ел Макферсон

Слушнавме за различна поделба на храната, меѓутоа за разделување на храната според киселост не сме размислувале… Токму така се храни популарно наречената “Тhe Body”, односно не внесува претерано кисела храна со цел да се стабилизира pH вредноста во организмот. Висока pH вредност има овошјето и зеленчукот, додека низок постои во млекото или месото.

Kим Кардашијан

После пораѓањето, Ким интензивно се посветила на вежбањето, а открила дека тајната на нејзиното слабеење лежи во корсетот, кој таа го носела за време на вежбањето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.