Островот Хашима, познат како Воен брод, се наоѓа на 15 километри од јапонскиот град Нагасаки.
Карактеристични за овој остров се напуштените бетонски згради и ѕидот кој го опкружува целиот остров, како штит од можни тајфуни.
Островот бил населен од 1887 до 1974 година, а во 1890 го купила компанијата “Мицибуши” и започнала проект на експлоатација на јаглен од дното на морето. Во 1959 година во Хашима живееле 5.259 жители, на површина од вкупно 720 ари.
Кога јагленот бил заменет со нафра во 60-тите години, рудниците се затворале ширум целата земја, а ниту Хашима не била исклучок. “Мицибуши” официјално најавил затворање на рудникот во 1974 година. Денеска зградите се празни, а бројот на жители е нула.
Островот имал повеќе од 30 стамбени блокови, 25 продавници, училиште, два базени, болница и гробишта.
Туристите можат да посетат една четвртина од островот, но не смеат да се приближат до ниту една градба. За тоа е потребна посебна дозвола од градскиот совет на Нагасаки, како и “добра” причина.
Едноставното објаснување е дека рушевините се опасни.
Иако островот не е напуштен “преку ноќ”, сепак изгледа дека е така. Хашима некогаш го држел рекордот во најгусто населено место на Земјата.
Во училиштето помеѓу клупите стојат тетратки и учебници, во болницата рендгенски снимки, а на улиците може да се најде облека. За време на Втората светска војна Хашима, како и многу други индустриски центри во Јапонија, биле место за принудна работа. Корејските и кинеските воени заробеници биле држани тука и ги извршувале најтешките задачи. Биле изложени на жештина, влага и со малку храна.
Хашима е едно од неколкуте индустриски места на светот кои чекаат вкучување во УНЕСКО листата на светско наследство.
Надимакот овој остров, “Воен брод”, потекнува поради тоа што самиот остров наликува на брод, а и преводот на името на островот од јапонски на англиски всушност значи “воен брод”. Исто така островот е познат како остров на духови.
HASHIMA ISLAND! RT @x51: TRANSIT : "この町には耳をふさぎたくなるほどの静けさがある"佐藤健寿氏『THE ISLAND 軍艦島』を刊行 – Infohttps://t.co/xRd5OTOo2d pic.twitter.com/6eYWeXE7nQ
— Eric (@EricUnbekannt) March 24, 2018
Хашима била користена за снимање на повеќе филмови. Еден од нив е и хорор филмот “Проект Хашима”.