Сите лаги за Прилеп на Миле, градоначалникот и Заев сумирани на едно место? Ќе ги поддржите ли пак? (Видео)

Она што пред три години СДСМ и Зоран Заев го најавија како нов живот во Македонија, за Прилеп и прилепчани беа само еден куп лаги, кои останаа само празни зборови на хартија. Денеска одново истиот тој Зоран Заев и истите тие луѓе од СДСМ ја бараат вашата поддршка и одново со истите лаги сакаат да ве убедат дека можеле повеќе и подобро. За среќа тие се веќе завршена приказна и на нивните лаги им доаѓа крајот на 15-ти јули – истакна на денешната прес конференција, Наташа Петкоска, од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Денеска ќе ги потсетиме граѓаните што се’ се ветуваше во програмата “За живот”, во пресрет на парламентарите избори во 2016 година.

Ветуваа изградба на нов пат Велес-Прилеп-Битола до граничниот премин Меџитлија, а ја прекинаа изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско кој го започна претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Ветуваа соларни железнички станици, изградба на затворен базен, како и реконструкција на градскиот стадион “Гоце Делчев”.

Во предизборните лаги во 2016 година беше и ветувањето за изградба на хидроакумулации и целосна урбанизација на населените места во Прилеп, а сведоци сме дека во 21 век имаме села без канализација и села каде има недостиг на вода за пиење.

Заев и СДСМ лажеа дека ќе донесат нови странски инвестиции и дека ќе создадат услови младите да останат во Република Македонија, а 500.000 иселени Македонци да се вратат дома.

Заев заедно со кандидатот за пратеник Миле Талевски и градоначалникот Илија Јованоски, во Прилеп ветија и изградба на две обиколници, ново училиште, нова спортска сала во ООУ “Кире Гаврилоски”, реконструкција на Старата чаршија, изградба на нов театар, целосна гасификација на градот, спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, две нови градинки, и најголемата мегаломанска лага, намалување на сметките за вода за 20%, иако граѓаните денеска плаќаат за 60% повисоки сметки.

Така наречениот “нов живот” на СДСМ од денешна гледна точка е вистинска фарса, па затоа граѓаните едвај чекаат да им пресудат зад избирачките паравани.

После 15-ти јули ставаме крај на сите овие лаги и лажни ветувања! Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на Прилеп кој во наредните 4 години ќе се развива во секој поглед.

Се обврзуваме дека целосно ќе ги реализираме сите предвидени проекти за Прилеп со програмата “Обнова на Македонија”.

Времето на лажните политичари и политичари од кариера заврши!

На 15-ти јули заокружете број 14 за ВМРО-ДПМНЕ и за целосна обнова на Македонија и обнова на Прилеп”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.