Во четврток, 13.06.2019, со почето од 20:00 часот, во Кафе бар “Оникс” во Прилеп, ќе се одржи хуманитарен концерт за малиот Дејан.
Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба потребно е да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција. Сумата која е потребна се 54.000 евра.
На концертот свое учество имаат пријавено: The Hounds(Pp), Cyrillic(Pp), Dj Acika(Bt), Dj Neox(Bt), Dj Sajo(Pp), Dj Dejan Pete(Pp), Dj Jove(Pp), Dj Ricardo(Bt), Dj Mario Eddie(Pp), Robbie Ray Led Robot(Pp) & Room 313(Pp)
Листата не е конечна, и секој може да се вклучи, било да е изведувач или друг вид на логистика.
“Клучен играч во целава приказна е Onyx Café & Bar, кој не само што ќе го отстапи просторот туку и ќе го донира целиот промет (читај: промет, а не профит) за време на концертот, за што сакаме јавно да им се заблагодариме.Исто, голема благодарност до Прилепската Општина за отстапувањето на јавниот простор како и донацијата на голема бина каква што е потребна за концерт со толку изведувачи”, стои во настанот на Фејсбук.
Сите останати кои не можат да присуствуваат на настанот, можат да донираат со повик на 070 143-153 (за корисници на Телеком) и 143-489 (за корисници на Вип), или на следната банкарска сметка: