Првиот осминафинален натпревар од Светското првенство во Русија беше вистински фудбалски празник за љубителите на фудбалот.
Дури 7 погодоци, а на крајот пласман на “триколорите” во четвртфиналето преку победа од 4:3.
Гризман со погодок од пенал и Ди Мариа со прекрасен гол го одбележаа првото полувреме.
Следуваше погодок на Меркадо за пресврт на Аргентина, а веднаш потоа најубавиот гол на првенството од Павард и два погодоци во четири минути за Мбапе, за нов пресврт и резултат 4:2 за Франција.
Во самиот финиш Агуеро стрелаше за 4:3 по асистенцијата на Меси.
Аргентина имаше голема шанса и во последните секунди за вистинско чудо, но топката заврши над голот.
Еве ја целата голеада: